Еве што пребарувала мајката на малата Данка на интернет, пред исчезнувањето – информации по вештачењето на телефонот на Ивана Илиќ

Точка

02/04/2024

21:30

22.993

Големина на фонт

а а а

По вештачењето на телефонот на мајката на исчезнатата Данка Илиќ, откриено е дека таа непосредно пред исчезнувањето на детето го пребарувала граничниот премин меѓу Србија и Романија, пишува српски „Информер“.

Исто така, мајката на малото девојче пребарувала и кривична одговорност, односно колкава е истата за одредени кривични дела.


Да ве потсетиме потрагата по двегодишната Данка Илиќ од Бор која исчезна во вторникот на 26 март во 13 часот и 45 минути во Бањско поле, влезе во осмиот ден, но јасни информации за судбината на детето за жал сѐ уште нема.

Во моментот на исчезнувањето, малата Данка носела виолетови панталони и маслинесто-зелена јакна.

Екипата на српски „Курир“ и денес е на терен, а потрагата по исчезнатото девојче продолжува.


Граѓаните ширум регионот кои ја чекаат веста дека девојчето ќе биде најдено, особено беа погодени од видеото од Виена на кое во придружба на две Романки, има девојче кое неверојатно потсетува на малата Данка. Интерпол распиша и жолта потерница по малата Данка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг