Приведен криминалец од Косово баран со потерница поради учество во странски војски

Макфакс

02/04/2024

18:08

710

Големина на фонт

а а а

Вчера во атарот на село Танушевци од страна на полициски службеници од Одделот за специјални операции при Бирото за јавна безбедност, од полициски хеликоптер, било забележано лице како се движи со крос мотор од село Арачиново кон Косово, извести МВР.

Полициски службеници од СВР Скопје му дале знак за запирање, но лицето не запрело, по што се преземени дополнителни мерки и активности и лицето е запрено и лишено од слобода.

Утврдено е дека станува збор за 29-годишниот Б.С. од Витина, Косово и дека за него е распишана меѓународна потерница од Косово поради кривично дело „учество во странска војска“, соопшти МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг