159 години од раѓањето на Ѓорче Петров

Макфакс

02/04/2024

13:17

569

Големина на фонт

а а а

Во реонскиот парк со пригоден настан е одбележан 2 април, денот на раѓање на македонскиот херој, патрон и великан Ѓорче Петров.

„Голема е честа да го славиме животот на историски личности, кои оставија значаен печат во македонската историја. Посакувам неговата љубов кон Република Македонија на сите да ни биде инспирација во годините што доаѓаат. Тоа ќе нè однесе на добар пат да работиме во континуитет за подобрување на нашето секојдневие и условите за живеење на локално, централно и регионално ниво“, истакна градоначалникот Стојкоски.

Великаните ги поставија постулатите, ние само треба да ги следиме, додава Стојкоски.

„Во годините што доаѓаат заеднички да придонесуваме за унапредување на нашата заедница. Доаѓа време на промени, време во кое ќе ја направиме Македонија повторно горда. Ќе го направиме Ѓорче гордо и секој еден човек ќе биде свој на своето“, истакна тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг