Њу Орлеанс доживеа пораз од Феникс во натпревар на кој гостите издоминираа во првиот дел, а Девин Букер уште еднаш се покажа како голема енигма за Пеликанс.
Ѕвездата на Феникс реализираше 52 поени, со што трет натпревар по ред против истиот противник постигнува најмалку 50 поени, нешто што досега му успеало само на Вилт Чембрлејн.
Букер постигна 52 поени и на претходниот дуел со Пеликанс во јануари, како и 58 поени на дуелот на овие екипи во декември, 2022 година. Со вкупно 162 поени, Букер постигна и рекорд за најмногу поени против иста екипа на три натпревари, со што го надмина досегашниот најдобар резултат кој беше запишан зад името на Џејмс Харден од 2019 година.
Вилијамсон со 30 поени е запишан како најдобар реализатор во редовите на поразената екипа, која има три порази на последните четири натпревари во НБА.
Атланта победи на гостувањето кај Чикаго и покрај 31 поен на ДеРозан во домашниот тим, а најефикасни кај гостите биле Богдановиќ со 20 и Крејчи со 18 поени.
Шарлот – Бостон 104:118
Детроит – Мемфис 108:110
Индијана – Бруклин 133:111
Орландо – Портланд 104:103
Чикаго – Атланта 101:113
Њу Орлеанс – Феникс 111:124