Хрватски Индекс денеска објави првоаприлска шега, на која тврдеше дека Зоран Милановиќ ненадејно поднесе оставка од функцијата претседател на Република Хрватска.
Во продолжение целиот текст од првоаприлската шега:
Во новиот сплет на околности, титулата на претседател му паѓа на Мирослав Шкоро. Милановиќ кој досега зборуваше дека нема намера да си поднесе оставка, во маневар кој никој не го предвиде вчеравечер тој ја поднесе својата оставка во Уставниот суд.
Според хрватските извори, оставката ја имал поднесено за да може активно да се судри со сегашниот Премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ во изборната кампања за следните избори.
Поради изненадната оставка на Милановиќ од функцијата на претседател. Должноста до следните вонредни претседателски избори ќе биде преземена од независниот парламентарен пратеник Мирослав Шкоро. Тој ја презема функцијата поради што сите потпретседателски кандидати воедно и претседателот на собранието се во дефинираните изборни листи, што значи немаат право да ја вршат должноста на претседател.
Во тие околности Уставниот суд на Хрватска донесе одлука должноста за претседател ја презема последниот разрешен потпретседател на собранието Мирослав Шкоро.