Нов земјотрес во Крагуевац, трет за еден ден

Макфакс

29/03/2024

20:54

1.611

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Крагуевац, трет за еден ден.

Според веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот се случил околу 18 часот и 15 минути.

Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на ниво III од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат штети на објекти во епицентралното подрачје, се вели во соопштението на Републичкиот сеизмолошки завод.

Во Крагуевац за три часа беа забележани два земјотреси. Првиот е измерен утрово, во 11 часот и 20 минути, со магнитуда од 3,4 степени, додека вториот во 14 часот и 29 минути, со нешто послаб интензитет, поточно 1,7 степени според Рихтеровата скала.




Спонзорирани линкови

Маркетинг