[ФОТО] „Меден месец во Париз“: Фотографиите од Макрон и овој моќник направиле општ хаос на "X", се држеле раце, а потоа …

Точка

29/03/2024

15:28

2.191

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон покажал дека знае да прифати шега на своја сметка, па хумористично изреагирал на бројните шеговити монтажи на социјалните мрежи. Главна тема на мемињата-неговите фотографии со бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, во текот на посетата на Бразил.

Макрон на платформата „X“ напишал дека некои ги споредиле неговите фотографии од Бразил со фотографии од венчавка, а дека тој им одговара со „Франција го сака Бразил, а Бразил ја сака Франција“.

Макрон реагирал на монтажите со постер за американскиот романтичен филм „Ла Ла Ленд“ од 2016-та година, во кој главните актери Ема Стоун и Рајан Гослинг се заменети со негова и фотографија од Лула, пренесува „Figaro“.

На монтажата се гледа дека шефовите на двете држави се шетаат рака под рака во шумите на Амазонија.

Лула на објавата на Макрон одговор со емоџи со две знамиња и две мали срца.

Како што оценува британски „Guardian“, патувањето на Макрон повеќе личел на романтичен одмор отколку на меѓународна дипломатија.

„Фотографии пред венчавка, меден месец во Париз“

На една фотографија објавена на социјалните мрежи на 78-годишниот Лула, двајцата лидери може да се види како се држат за раце на чамец додека гледаат во реката Гуама. Во друга, изгледа дека безгрижно се движат додека се држат за раце во Амазонската прашума.

Корисниците на социјалните мрежи ги споредиле сликите со веренички фотографии или сцени од романтични комедии.

„Лула и Макрон се фотографираат пред венчавка, ќе се венчаат во Амазонија, а медениот месец ќе биде во Париз“, напишал еден корисник на „X“, претходно „Twitter“.

„Гледам дека пристигнува нова божиќна честитка од семејството Макрон/Лула“, напишал Иан Бремер, основач на консултантската компанија за политички ризик „Eurasia Group“.

Макрон од вторникот е во тридневна официјална посета на Бразил, во текот на која со Лула се сретнал во амазонските шуми, а после тоа, со шеговити коментари, на интернет биле објавени неколку монтирани фотографии од шефовите на двете држави, чии фотографии биле објавени во главно на официјалните профили на Лула.

Првата официјална посета на Макрон на Бразил е продолжена во Сао Пауло, а потоа во Бразилија.

Срдечноста која ја покажале двата лидери е во спротивност на студените односи меѓу Емануел Макрон и поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, наведува „Figaro“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг