Избришани повици и пораки!? Излегоа резултатите од вештачењето на мобилниот телефон на мајката на исчезнатата Данка

Точка

29/03/2024

14:12

29.617

Големина на фонт

а а а

Излегоа резултати од мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ која и беше одземен за вештачење како дел од истрагата за пронаоѓање на исчезнатото девојче. Неофицијални податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици еден ден пред исчезнувањето како и дента кога ја снема Данка.

Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува Информер.


Инспекторите за високотехнолошки криминал утврдиле дека имало голем број избришани повици и пораки од телефонот на самиот ден кога исчезнала Данка Илиќ како и денот пред тоа. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но ќе останат во базата на податоци – рекол изворот.

Како што се дознава, мајката три пати ја фотографирала Данка од различни агли пред таа да исчезне.

Мајката на Данка Илиќ по четврти пат е во полиција

Дознаваме дека мајката на Данка Илиќ, Ивана, денес по четврти пат е повторно е во полициската станица во Бор, каде што е на распит за околностите на својата исчезната ќерка. Таткото на Данка го помина полиграфското тестирање.


Полицијата заедно со мајката на девојчето ги преработуваат сите информации што стигнале до нив како дел од истрагата за исчезнувањето на нејзината ќерка.

Од неофицијални извори дознаваме дека полицијата во последните 4 дена добила многу информации преку системот „Најди ме“ и секоја информација мора да се провери за да се најде Данка Илиќ.

Спасувачи со кучиња ја пребаруваат областа

Синоќа во Бањско Поље пристигнаа два специјални тимови за спасување од урнатини од Белград и Нови Сад, од Одделението за вонредни состојби на МВР, и рано утринава започнаа детално пребарување на просторот околу куќата пред која Данка ја снема.

Според новинарите на „Блиц“, сабајле пред куќата во која исчезна девојчето биле паркирани два камиони, а покрај нив биле паркирани и два полициски автомобили со белградски регистарски таблички.





Спонзорирани линкови

Маркетинг