„Тој се откажува од барањето за старателство“: Се ближи крајот на судската битка на Анџелина и Бред

Точка

29/03/2024

13:00

2.834

Големина на фонт

а а а

На повеќегодишната бракоразводна битка на Бред Пит и Анџелина Џоли конечно ѝ се ближи крајот. „Daily Mail“ дознава дека актерот се откажал од барањето за заедничко старателство над нивните деца.

Извор за „Daily Mail“ изјавил дека парот, кој од 2016 година води битка за старателство на суд, моментално е во преговори и конечно е поблиску до ставање крај на правната драма.

Иако Бред првично бараше заедничко старателство над нивните деца, извор сега тврди дека актерот повеќе не го бара тоа. Тоа значи дека Анџелина ќе го задржи старателството над децата, а тој ќе има право на посета.


Бред е во лоши односи со постарите деца

Голем фактор во таа одлука е што некои од децата сега се полнолетни. Медокс има 22, Пакс 20, а Захара 19 години, додека Шајло (17), Нокс и Вивиен (15) сè уште се малолетни. Се верува дека постарите деца имаат лоши односи со Бред и бидејќи се возрасни во очите на законот, тие веќе не се опфатени со никакви договори за старателство.

Захара неодамна јавно се откажа од презимето на нејзиниот татко, а на Денот на таткото, Пакс го нарече Бред „кретен од светска класа кој ги тера неговите четири најмали деца да треперат од страв“. „Ги претвори животите на моите најблиски во пекол“, напишал тој во објавата на Инстаграм посветена за Пит, по што додал:


„Можеш да си кажеш на себе и на светот што сакаш, но вистината еден ден ќе излезе на виделина. Затоа, среќен Ден на татковците, ти одвратно човечко суштество“.

Пакс го напишал ова за неговиот татко на својот приватен Инстаграм профил кога имал 16 години, но за ваквата објава се дозна пред само неколку месеци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг