Кукоч: Обрадовиќ во НБА? Не знам дали Американците…

Дерби

29/03/2024

12:16

5.091

Големина на фонт

а а а

Тони Кукоч заедно со Дино Раѓа од првите редови го проследија дуелот на Партизан против Олимпијакос во Евролигата, меч кој „црно-белите“ го загубија и со тоа се ставија во многу тешка позиција за остварување на целта, пласман во плејин фазата.

Хрватите беа на најдобар начин пречекани во Белград, па Кукоч им се заблагодари на сите на добриот прием.

- Им благодарам за тоа. Секој пат сум бил срдечно пречекан во Белград. Атмосферата беше токму таква. Сите играчи имаат желба да играат добро во оваа атмосфера, но не може секогаш да се победи. Имав чувство дека Партизан ја контролира играта, водеа 13 поени и малку ме изненадија „ноншалантните“ додавања и загубени топки. Олимпијакос со агресивна одбрана го сврте натпреварот во своја полза. После тоа Партизан го загуби ритамот, - истакна Тони за „Спорт Клуб“.

Славниот ас беше запрашан за тоа дали Жељко Обрадовиќ би имал што да покаже во НБА лигата.

- Не се сомневам дека и таму би успеал. Ако го земете неговото кошаркарско знаење – сигурно би успеал. Ако го земете начинот на кој тој комуницира, не знам дали играчите во Америка би го истрпеле. Ама тоа е до нив, играчите денеска се малку разгалени, така ми се чини.Колку повеќе пари имаат толку помалку играат кошарка, - заклучи некогашниот член на Југопластика, Бенетон Тревизо, Чикаго Булс, Филаделфија Севентисиксерс, Атланта Хокс и Милвоки Бакс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг