Ливерпул се откажа од Чаби Алонсо, фокусот е на две имиња

Дерби

29/03/2024

11:57

1.686

Големина на фонт

а а а

Ливерпул останува без тренер по крајот на оваа сезона и имаше многу информации дека Чаби Алонсо ќе биде оној кој ќе го замени Јирген Клоп на оваа функција.

„Црвените“ во Шпанецот гледаа човек кој добро го познава клубот, средината, човек кој има квалитет, знаење, а потврада за тоа е одличната работа која ја врши во Баер Леверкузен. Меѓутоа по се изгледа ништо од таа опција затоа што како тие така и Баерн Минхен добиваат сигнали дека Алонсо сака да остане на „Бај Арена“ најмалку уште една сезона што значи дека ќе мора да се бараат други решенија.

Премиерлигашот веќе се фокусира на две имиња и тоа се Рубен Аморим и Роберто Де Ѕерби. Аморим веќе неколку сезони успешно го води Спортинг Лисабон, додека Де Ѕерби е на кормилото на Брајтон, тим со кој игра атрактивен фудбал, секогаш носи енергија и бара многу од играчите.

Оперативците на Ливерпул треба да донесат важна одлука затоа што кој и да дојде сигурно нема да му биде лесно да го замени Клоп кој низ годините се стекна на статус на икона, легенда, вистински миленик на навивачите на „Енфилд Роуд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг