Кометата со „рогови“ видлива од Земјата после 70 години

Точка

28/03/2024

14:27

11.216

Големина на фонт

а а а

Европската вселенска агенција (ESA) објавила дека „кометата со рогови“ – „12P/PonsBrooks“ ќе биде видлива од Земјата прв пат после 70 години.

Доколку временските прилики дозволат, кометата ќе може да се види до крајот на овој и почетокот на наредниот месец, а ќе биде видлива и со голо око, иако се препорачува да се набљудува со помош на двоглед или мал телескоп.

За да се види светлечката опашка на кометата, на небото треба да се бара после заоѓањето на сонцето, над хоризонтот кон западот, јавува „Ansa“.


Следниот јуни ќе достигне минимална оддалеченост од Земјата, но тогаш повеќе нема да биде видлива од северната хемисфера, а според „ESA“ нареден пат на Земјата ќе и пријде во 2095-та.

Кометата „12P“ е древен космички леден брег, формиран пред околу 4,6 милијарди години. Приближно на секои 71 година се враќа во Сончевиот систем и од таа причина влегува во семејството на периодични комети, како попознатата Халеева комета.


Прв пат ја забележал астрономот Жан-Луј Понс на 12-ти јули 1812-та година, а кометата „12P“ потоа повторно била откриена во своето следно минување блиску до Земјата, во 1883-та година, од страна на Роберт Брукс, по кои и го добила името.

Нејзиното јадро, широко 30 километри, е некој вид агломерација на мраз, прашина и камени материјали, и ослободува гас и прашина во близина на Сонцето.

Една важна карактеристика на кометата е зголемувањето на осветлувањето, што се нарекува „излив“


Во текот на нејзиното минување, веќе десет изливи се забележани од минатиот јули, а првиот бил со неправилен облик поради што кометата личи на славниот вселенски брод „Милениумски сокол“ од филмот „Војна на ѕвездите“, а поради што е наречена „комета со рогови“.

Изливи исто така биле забележани во 1883-та и 1954-та година, а постои сомнеж дека се видени над Кина во 1385-та и на италијанското небо 1457-ма година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг