Јокиќ забележа нов историски подвиг во НБА лигата

Дерби

28/03/2024

13:28

4.731

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ остана пораток за еден скок од нов трипл-дабл во НБА лигата, но натпреварот против Феникс го искористи за да забележи нов историски подвиг во НБА лигата.

Српскиот кошаркарски мајстор игра на неверрјатно ниво неколку сезони наназад и двапати ја доби МВП наградата, но од рано утрово е првиот кошаркар во историајта кој во период од пет години ја надмина границата од 8 илјади поени, 4 илјади скокови и 3 илјади асистенции.

Претходно ова не му пошло од рака на ниту еден голем играч во историјата, па тоа доволно говори какви нови стандарди постави Јокиќ во најсилната кошаркарска лига во светот.

Во споменатиот период, Јокиќ двапати беше избран за МВП и лани неправедно остана без хет-трик, но затоа беше избран за МВП во финалето кое му припадна на неговиот Денвер.

Што се однесува до мечот кој рано утрово го играше против Феникс, Јокиќ запиша 22 поени, 9 скокови и 10 асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг