Ви здодеаја обичните и веќе видени бои за велигденските јајца, па сакате да пробате нешто поразлично, тогаш на овој начин ќе добиете совршени велигденски јајца од природни состојки.
Прекрасните, светкави јајца кои изгледаат моќно, а се направени од природни бои без хемикалии ќе ве освојат.
Се верува дека златната боја привлекува изобилство и богатство и затоа вашите златни велигденски јајца нека бидат направени за среќа и богата година.
- јајца;
- куркума;
- сол;
- алкохолен оцет;
- масло за јадење;
- златен прав за колачи.
Доколку сакате да добиете светкава боја, користете бели јајца, прелијте ги со вода и додадете една лажичка сол, варете околу 7 минути, па преместете ги јајцата во ладна вода.
За обојување потребна ви е една ќесичка куркума од 20 грама, 800 милилитри топла вода и една лажичка алкохолен оцет.
Состојките ќе ги измешате, па во добиената течност ќе ги ставите јајцата. Јајцата положете ги со лажица, а извадете ги со ракавици затоа што куркумата има интензивна боја.
Оставете ги јајцата да отстојат во бојата 90 минути, доколку сакате поинтензивна боја може и подолго, со повремено мешање.
На крај јајцата премачкајте ги со масло за јадење, па ставете прав над нив.