Индонезија има нов главен град: Џакарта ја изгуби титулата

Точка

28/03/2024

12:16

1.465

Големина на фонт

а а а

Денес индонезискиот парламент донесе одлука за преселување на главниот град на островот Борнео, со план Џакарта да остане економскиот центар на земјата.

Индонезија планира да го пресели својот главен град од пренаселената Џакарта која низ годините сè повеќе и повеќе тоне кон морето во градот Нусантар. Ова е проект кој вреди 32 милијарди долари со план да се изгради нов град на источната страна од џунглата Калимантан на островот Борнео.


Градот е главен проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој ветил подобро распределување на богатството и развој на архипелагот, а не само островот Јава.

Џакарта сепак мора да има печат на посебен град

Според новиот закон од 18-ти март, ќе се формира совет за „агломерација“ за да ги координира развојните планови меѓу Џакарта и нејзините соседни градови.

Министерот за внатрешни работи Тито Карнавиан изјави при расправа во парламентот, после пренесувањето на владата во Нусантар, да не се запостави развојот на Џакарта за може да се натпреварува со останатите „градови од светска класа“.


„Откако повеќе нема да е главен град, Џакарта ќе мора да има посебен статус на град за да може да го забрзува економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП во земјата“, рече тој.

Според сегашните закони, Џакарта ќе остане главен град на Индонезија сè додека претседателот не издаде официјален декрет за именување на Нусантар за новиот главен град. Планирано е тоа да се случи на денот на независноста на Индонезија оваа година.





Спонзорирани линкови

Маркетинг