Белингам го одобри најголемото откровение на Јунајтед: Не сакам да додавам масло во огнот, но тој има светла иднина

Дерби

28/03/2024

11:23

1.241

Големина на фонт

а а а

Коби Маино пред неколку месеци беше анонимно момче кое настапуваше за Б тимот на Манчестер Јунајтед, но потешкотиите со кои се соочи Ерик Тен Хаг направија да биде промовиран во првиот тим, а потоа и да се докаже како потенцијал кој може да се искористи и на највисоко ниво.

Маино за само неколку месеци стана стартер во првиот тим на Холанѓанецот и на свои 18 години дебитираше за најсилната селекција на Англија, каде интересно има голем број млади ѕвезди како него и Џуд Белингам.

Фудбалерот на Реал Мадрид премногу рано се издвои како голем фудбалски потенцијал и веќе на 20 години е еден од лидерите на Реал и Англија, па како играч со таков статус не штедеше комплименти за најголемото откровение во првиот тим на Јунајтед.

– Коби одигра многу добро против Белгија, а верувајте ми дека знам како е да играте под константен притисок. Кога го велам ова, звучам како да сум многу стар, но знам колку е тешко да се игра со таков притисок и со толкава врева околу неговото име.

– Не сакам да додавам масло во огнот, но тој дефинитивно е брилијантен фудбалер и ќе има светла иднина во Манчестер Јунајтед. Да се надеваме дека ќе биде така и во Англија, – изјави Џуд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг