Дурент и Феникс го пронајдоа рецептот за победа над НБА шампионот

Дерби

28/03/2024

11:22

3.939

Големина на фонт

а а а

Денвер ја пронајде најдобрата форма во завршниот дел од регуларната сезона и се искачи на првото место на Западот, но тоа сега и не е така сигурно после утринскиот пораз.

Феникс Санс се покажува како тим кој навистина може да му направи проблеми на НБА шампионот, бидејќи дружината на Кевин Дурент одново пронајде рецепт за Денвер и оствари победа благодарение на својот лидер.

Дурантула блескаше како во своите најдобри денови и го водеше својот тим на гостувањето до победа од 97:104, а на крајот го заврши мечот со 30 поени, 13 скокови и 3 асистенции.

Добра помош имаше од Букер и Ален кои комбинираа 30 поени, додека на спротивната страна одново блескаше Никола Јокиќ и беше на чекор од трипл-дабл.

Српскиот кошаркар запиша 22 поени, 9 скокови и 10 асистенции, но тоа не се покажа како доволно за избегнување пораз, втор во низа од „сонцата“.

Останати НБА резултати:

Шарлот – Кливленд 118:111

Орландо – Голден стејт 93:101

Вашингтон – Бруклин 119:122

Атланта – Портланд 120:106

Филаделфија – ЛА Клиперс 107:108

Торонто – Њујорк 101:145

Чикаго – Индијана 125:99

Мемфис – ЛА Лејкерс 124:136

Минесота – Деторит 106:91

Оклахома – Хјустон 126:132

Јута – Сан Антонио 111:118



Спонзорирани линкови

Маркетинг