Сања даде прогноза за дербито Сити-Арсенал: Можам да видам…

Дерби

28/03/2024

11:00

640

Големина на фонт

а а а

Премиер лигата ни го носи 30. коло, а истото дефинитивно ќе биде одбележано од дербито меѓу Манчестер Сити и Арсенал, меч кој може да се покажа како клучен во борбата за пехарот.

Ова е дуел во кој актуелниот првак ќе влезе со бод помалку од актуелниот лидер на табелата кој го доби во првото сезонско соочување со 1-0.

Огромно внимание предизвикува оваа пресметка, па Бакари Сања како играч кој во кариерата настапуваше за двата тима даде прогноза за исходот на „Итихад“.

- Можам да видам како ремизираат на „Итихад“. Сити на домашен терен може да биде изложен затоа што многу напаѓа и оставаат простор за контранапад, знаеме колку брзи се играчите на Арсенал.

- Сила е да се напаѓа толку многу затоа што можат да го стават под притисок кој било тим, но Арсенал исто така може да врши притисок врз тимовите, па мислам дека ќе биде нерешено, - истакна Французинот за „Педи Пауер“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг