Скалони: Само двајца играчи се сигурни за Копа Америка

Дерби

28/03/2024

10:59

565

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Аргентина забележа две победи на пријателските средби кои го одигра изминатиов период против Ел Салвадор и Костарика.

„Гаучосите“ иако на овој собир беа без капитенот Лионел Меси тие покажаа сигурност и квалитет што секако е добра основа, најава за тоа што следи летово, настапот на Копа Америка.

Селекторот Лионел Скалони ги предупреди играчи дека ништо не се знае, односно ќе мора секој со формата да си го заработи своето место во националниот тим, поточно околу патниците се знае дека сигурни се само Лео Меси и Анхел Ди Марија.

- Тоа е можност (Бенитез како втор голман), во светот на фудбалот ништо не се знае. Денеска е тука, сигурно ја имаше својата голема шанса затоа што е евидентно дека дојде со нас, ама не можам да им гарантирам (место) на ниту еден од тие што се дојдени овде. Само оној кој не дојде и кој веќе го знаете [Меси]. Остатокот, изберете и лопата. Па, и Фидео (Ди Марија)… Има загарантирано место, - порача Скалони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг