„Ако и се случеше ова на мојата ќерка, нема да бидам тука да давам интервју“: Славниот бразилски фудбалер жестоко ги прозва Робињо и Алвеш

Точка

28/03/2024

10:55

1.541

Големина на фонт

а а а

По случаите на силување на фудбалерите од Бразил, Робињо и Дани Алвеш, се огласи и Фелипе Мело, кој ја делел соблекувалната со двајцата.

Имено, Робињо, кој настапуваше за Сантос, Реал, Манчестер Сити, Милан, е осуден и одведен на издржување на казна од девет години затвор поради брутално групно силување на 22-годишна девојка од Албанија.


Исто така, Дани Алвеш, еден од најтрофејните фудбалери во историјата, пред два месеци беше осуден на 4,5 години затвор поради силување на девојка во ноќен клуб во Барселона во декември 2022-ра. Но, тој е пуштен на слобода по 14 месеци минати во затвор бидејќи уплатил кауција од милион евра.


Сето ова предизвикало големо внимание бидејќи Алвеш, кој заработил големо богатство во текот на кариерата, на судењето се жалел дека е во минус и дека додека е во шпански затвор, не може до својот имот во Бразил. Го спасил Нејмар, кој во текот на судењето на жртвата и платил 150.000 евра, па Алвеш така добил двојно поблага казна, а потоа некако ги обезбедил и останатите милион евра и излегол на слобода.


Тој случај за бразилски „GloboEsporte“ го коментирал Фелипе Мело, некогашен бразилски репрезентативец кој со двајцата играчи делел соблекувална.

„Никој нема право да зборува на оваа тема, но сепак не гледам проблем сега да дадам коментар. Имам 15-годишна ќерка. Ако и се случи ова на неа, јас сега нема да бидам тука давам интервју. Човечкото суштество треба да се почитува, без разлика дали е машко или женско“, рекол Мело.




Спонзорирани линкови

Маркетинг