Јамал ги излуде Бразилците со своите потези и доби стоечки овации во домот на Реал Мадрид

Дерби

27/03/2024

14:00

1.875

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал е страшен фудбалски талент и тоа го докажува од меч во меч на 16-годишна возраст, а вчера брилјираше на стадионот кој е дом на најголемиот ривал на Барселона.

Шпанија вчера играше против Бразил на „Сантијаго Бернабеу“ и натпреварот заврши 3:3, но најголем дел од опасноста по голот на „кариоките“ пристигна од десната страна.

Ламин беше несопирлив за своите ривали во жолти дресови, комплетираше дури 12 успешни дриблинзи и имаше повеќе од цел тим на Бразил, но исто така изнуди и еден пенал и асиситираше до Олмо при голот за 2:0.

Вонсериското издание на 16-годишниот тинејџер беше препознаено од цела шпанска публика на трибините, па сите присутни на „Сантијаго Бернабеу“ го поздравија со овации кога го напушти теренот.

Андрес Иниеста беше последниот играч на Барселона кој доби овации во домот на „кралевите“, а претходно тоа му успеа и на легендарниот Роналдињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг