Ова се трите најважни минерали за правилно функционирање на штитната жлезда – еве во кои намирници ги има во изобилие

Точка

27/03/2024

14:14

8.802

Големина на фонт

а а а

За оптималната работа на штитната жлезда важни се цинкот, селенот и јодот. Јодот е минерал којшто е потребен за произведување на сите хормони кои се наоѓаат во штитната жлезда.

Јодот е неопходен и незаменлив за работата на штитната жлезда, а можеме да го пронајдеме во кујнската сол, морските плодови и алгите.

Освен јодот за работата на штитната жлезда важен минерал е и селенот.


Селенот е клучен за работата на ензимот којшто го зема хормонот Т4 и го претвора во активен облик на Т3.

Лицата кои имаат недостаток на селен во организмот можат да почувствуваат симптоми на хипотиреоза, односно последици на намалена работа на штитната жлезда без оглед на тоа што вредностите на хормоните Т3 и Т4 се во нормален распон.

Најдобриот извор на селен се јаткастите плодови, а селенот може да се пронајде и во квасецот, целите житарки и морските плодови. Само едно бразилско оревче може да задоволи над 100 отсто од препорачаната дневна доза на селен.

На листата минерали кои се корисни за правилната работа на штитната жлезда е и цинкот.


Цинкот е важен за правилната работа на хормоните на штитната жлезда, а особено е корисен во внатрешноста на самите клетки каде хормоните на штитната жлезда ги прават своите активности.

Намирници богати со цинк се: семки од тиква, месо и морски плодови. Недостатокот на цинк во организмот може да се јави и кај пушачите, дијабетичарите, трудниците, а зголемената потреба за овој минерал ја имаат и спортистите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг