[ВИДЕО] Објавено аудио за херојот од Балтимор: „Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот“

Макфакс

27/03/2024

13:08

2.033

Големина на фонт

а а а

Вознемирувачка аудиоснимка открива како полицајците од Транспортната управа во Мериленд го блокирале сообраќајот на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор во последен момент, само неколку моменти пред да се урне. Така, изјави вчера градоначалникот на Балтимор, спречена е многу поголема катастрофа.

Речиси целиот мост, долг 2,6 километра, се урнал за само неколку секунди кога во него удрил бродот „Дали“, кој пловел под знамето на Сингапур. „Дали“ останал без струја веднаш по испловувањето од пристаништето Балтимор за што веднаш ја известил управата за транспорт во Мериленд.

„Мораме да го запреме целиот сообраќај од двете насоки“, вели полицаецот на драматичната снимка објавена од Одделот за транспорт во Мериленд. Веднаш по прекинот на сообраќајот, на аудиоснимката се слушаат полицајци како зборуваат за работниците што останале на мостот.

„Целиот мост само се урна“, вели гласот на диспечерот набргу потоа.

Градоначалникот на Балтимор вчера изјави дека полицајците што го блокираа сообраќајот на мостот пред несреќата се херои.



Спонзорирани линкови

Маркетинг