Седум работи кои никогаш не треба да ги изговорите после сексот – ниту во лудило

Точка

26/03/2024

19:01

13.666

Големина на фонт

а а а

Веројатно сте се нашле во ситуација кога за првпат сте интимни со новиот партнер, да изговорите нешто што не треба. Тоа нешто во рок од неколку секунди ја убива секоја шанса повторно да бидете интимни.

Затоа, имајте на ум дека постојат некои работи кои не би требало да се кажуваат после сексот – никогаш. Тоа се непишани правила и не е важно дали го познавате вашиот сексуален партнер со години или само неколку дена.

Првпат кога имате сексуален однос со нова личност едноставно не е време да го отворите своето срце или да се фалите за вашите освојувања или да вербализирате одредени навредливи мисли кои можеби ќе ги имате после односот.


Овие 7 работи никогаш не треба да ги говорите откако сте биле интимни, освен доколку не сакате да ја исклучите можноста повторно да делите воздишки заедно со таа личност.

1. „Те сакам“

Не одете по тој пат. Никогаш! Можеби не е вистина тоа што го кажувате, и не размислувате јасно.

2. „Ова ми беше прв пат“

Ако не се чувствувате доволно пријатно да му кажете на партнерот дека никогаш не сте имале секс пред самиот секс, веројатно не треба да зборувате за тоа веднаш после сексот.

3. „Не си како мојот поранешен“

Скептиците често тврдат : „Да, но тонот е важен“. Секако, начинот на кој се изразувате може да им даде сосема поинакво значење на истите зборови, но дури и ако ги кажувате тие зборови на најискрен и најелегантен начин, да бидеме јасни: никој НИКОГАШ не сака да слушне ништо за вашиот поранешен, особено не после секс. Само чувајте ги вашите мисли за себе.


4. „Сум била со Х партнери“

Никогаш не се фалете со бројот на партнери што сте ги имале.

5. „Тоа… Тоа беше…“ (Плачејќи)

Дури и ако вашите следни зборови се „совршено“ или „неверојатно“ или „најдобриот секс во мојот живот“, да се расплачете е како да го ставите последниот клинец во ковчегот на вашата сексуална врска.

6. „Беше многу подобро отколку што очекував!”

Еве одличен начин да направите личноста до вас да се чувствува несоодветна, непривлечна, а можеби и малку недостојна. Ова е класичен пример на негирање. Ваквите „комплименти“ се всушност маскирани навреди. Овие зборови делуваат како душевна шлаканица.


7. Апсолутно ништо

Се прашувате како можете да го направите сексот уште понепријатен отколку што често може да биде? Ајде да видиме… А да не кажете ништо? Мртва тишина после секс. Апсолутно ништо. Дозволете му на вашиот партнер да паничи со тоа што ќе потоне во таа морничава тишина додека се прашува што, по ѓаволите, може да мислите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг