Две едноставни навики кои треба да ги вметнете во утринската рутина: Спречуваат воспаленија во телото и нагло дебелеење

Точка

26/03/2024

13:26

3.693

Големина на фонт

а а а

Воспаленијата и дебелеењето се чести проблеми кои можат значајно да влијаат на целокупното здравје и благосостојбата, а две утрински навики можат да ви помогнат да се ослободите од нив.

Хроничните воспаленија имаат низа здравствени проблеми, а прекумерната телесна тежина може да ги влоши воспалителните реакции во телото.

Меѓутоа, усвојувањето на едноставните утрински рутини можеби ќе биде добра стратегија за намалување на воспаленијата и спречување дебелеење.

Насочувањето на здравјето на цревата како утринска навика е проактивна стратегија во борбата против воспаленијата и спречување на дебелеење.


Микробите во цревата има клучна улога во регулација на имунилошките функции и воспаленија во целото тело.

Со започнувањето на денот со храна погодна за цревата како што е јогурт богат со пробиотици или ферментирана храна, како кисела зелка, поединци можат да постигнат здрава рамнотежа на цревните бактерии, што за возврат може да помогне во намалување на воспаленијата.

Освен тоа, вклучување на храна богата со растителни влакна, како што е овошјето, зеленчукот и целите житарки во вашиот појадок, може да го подобри дигестивниот систем и да придонесе во чувството на ситост, а потенцијално може да помогне во контрола на тежината.

Нега на цревата

Грижата на цревата е важна за намалување на воспаленијата, заштита на имунолошкиот систем и спречување на дебелеење. Иако многумина тежнеат кон храна со ниско ниво на јаглехидрати, здравите јаглехидрати како каши или леб од цели житарки обезбедуваат растителни влакна за прехрана на цревните бактерии.

Истражувањата покажале дека едни од најдобрите противвоспалителни намирници вклучуваат – овесни снегулки, мелено ленено семе, бобинки, јаболко.


Вежби за истегнување

Вклучувањето на вежбите за истегнување во вашата рутина после будење може да ја подобрат циркулацијата на крвта, да ја намалат напнатоста во мускулите и да ја поттикнат флексибилноста. Опуштајќи ги затегнатите мускули и зглобови, утринското истегнување може да го ублажи стресот и да го намали ризикот од воспаленија.

Вклучувањето на утринската рутина истегнување ја поттикнува телесната активност и дава позитивен почеток на денот, потенцијално мотивирајќи ги поединците да се вклучат во понатамошно вежбање и здраво однесување.

Докажано е дека редовната телесна активност помага во регулирање на воспалителните реакции во телото и ја поддржува контролата на телесната тежина. Студија објавена во 2017 година покажува дека истегнувањето од само 20 минути дневно исто така ги намалува воспаленијата во телото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг