Рецепт за посна пита со компир и спанаќ: Феноменална комбинација која ќе ги задоволи и најголемите љубители на домашна храна

Точка

23/03/2024

16:17

10.424

Големина на фонт

а а а

Наместо спанаќ може да користите и млади листови од коприва, вкусот исто така ќе биде неодолив.

Состојки:

- 4 поголеми компири;
- 200 грама спанаќ;
- 1 главица кромид;
- кори за пита;
- сол;
- кисела вода.


Подготовка:

1. Сварете ги компирите, па пред да бидат готови додадете го спанаќот. Кога ќе бидат готови, процедете ги, па испасирајте ги.

2. Додадете ги зачините и свежо исечканиот кромид. Кога смесата ќе биде готова, исфилувајте ги корите.

3. Секоја кора попрскајте ја со малку кисела вода, а потоа над неа стуткајте уште една кора која исто така ќе ја прелиете со кисела вода и ќе ја наполните со фил. Замотајте ги корите и распоредете ги во тепсија.

4. Печете на 180 степени Целзиусови околу половина час.

На здравје!