[ВИДЕО] Најголемиот хит на „Плави Оркестар“ бил забранет во Југославија: „Таа песна ја пишував пијан, нема никаква логика - но на луѓето им е сеедно“

Точка

22/03/2024

11:06

11.893

Големина на фонт

а а а

Групата „Плави Оркестар“ за време на своето постоење објавила бројни хитови кои се пеат и ден-денес, а поради еден од нив се соочиле и со цензура

. И не, во прашање не била песна со национална или верска тематика, или некоја која се косела со „етичката регулатива“ на социјалистичката држава.

Верувале или не, песната „Боље бити пијан него стар“ воопшто не била по волја на пензионерите од Нови Сад, кои оделе дотаму да бараат да се забрани групата.

„Никогаш не се лутев кога некој ќе направеше лоша рецензија за нас. Згора на тоа, Сојузот на пензионери на поранешна Југославија од Нови Сад своевремено повел иницијатива да нè забранат како група поради песната „Боље бити пијан него стар“. Работата стигна дури до јавниот обвинител и емитувањето на таа песна беше забрането. Тогаш имавме југословенска турнеја, комуналните работници мораа да лепат бела лента на веќе залепените плакати низ целата земја, бидејќи турнејата се викаше „Боље бити пијан него стар“ – своевремено во интервју зборувал Саша Лошиќ Лоша.


Дури пред неколку години Лоша признал дека песната ја пишувал пијан и дека по 25 години сфатил колку тоа не било логично.

„Се фаќам како размислувам, пеам 25 години и никогаш тоа не сум го забележал. И тогаш почнав да „копам“ по песните и видов дека половина од нив се целосно ирационални. Зборовите немаат врска еден со друг, нема заплет, нема логика. А на луѓето баш им е гајле“, низ смеа своевремено говорел Лоша.




Спонзорирани линкови

Маркетинг