Матичен доктор бил избоден до смрт во кругот на Поликлиниката Железара. Веста ја потврдија од МВР.
„Вчера во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, во парк во близина на поранешна фабрика Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје.
Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во извештајот на МВР.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Железара каде во текот на ноќта беше пронајдено безживотно тело на лекар со повеќе убодни рани. Телото на починатиот го пронашол неговиот син.
„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот“, велат од обвинителството.