[ФОТО] Андриј Шевченко во Скопје се сретна со својот голем пријател Горан Попов

Точка

20/03/2024

21:59

5.514

Големина на фонт

а а а

Легендата на украинскиот и европскиот фудбал, воедно и претседател на Фудбалската федерација на Украина, денеска беше ВИП гостин на ФФМ во Скопје.

Легендарниот Украинец дојде да го гледа својот син Кристијан, но и останатите играчи од младинскиот тим на Украина кој играше против Македонија.

Украинецот за време на својот престој се сретна и со својот голем пријател и соиграч од Динамо Киев, Горан Попов со кого за украинскиот гигант играше до 2012-та година.


„Андриј е наш драг гостин. Заедно споделуваме искуства и на чести состаноци во УЕФА. Се заблагодари на гостопримството и на добрата организација на турнирот. Посакував престојот во Скопје да не мине резултатски позитивно за него, барем на првиот ден од натпреварите, но денешниот фудбал не простува грешки, а ние денеска наивно загубивме од Украина. Остануваме позитивни за преостанатите два меча од групата“, порача Сејдини.


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска му беше домаќин на Андриј Шевченко....

Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Wednesday, 20 March 2024