[ВИДЕО] „Не сум болен, не сум болен...“: Русите објавија хит реклама со Милош Биковиќ пред мечот со Србија

Точка

18/03/2024

15:38

3.662

Големина на фонт

а а а

Српската фудбалска репрезентација на 21 март во Москва ќе одигра пријателски натпревар против Русија, кој ќе им служи на „орлите“ како дел од подготовките за Европското првенство кое годинава се одржува во Германија.

Во Москва се очекува вистински спектакл, особено што надалеку е познато колку Србија и Русија се пријателски наклонети, се очекуваат полни трибини.


Руските репрезентативци во пресрет на овој натпревар решија да направат реклама, каде главната улога му припадна на Милош Биковиќ, кој едноставно не можеше да одлучи за кого да навива, па на крајот заврши кај психијатар.

Не сум болен, не сум болен - повтори Биковиќ, а докторот му објасни каде всушност му е проблемот.

Како изгледа рекламата можете да погледнете во видеото подолу.