[ВИДЕО] Турски мокар колач натопен во чоколадо: Рецепт којшто е толку сочен, што се топи во уста

Точка

18/03/2024

16:00

10.292

Големина на фонт

а а а

Овој рецепт за турски мокар колач ќе стане вашиот омилен откако ќе го пробате, во тоа сме сигурни.

Мокриот турски колач прелиен со чоколадо е идеален десерт за семејството затоа што сладокусците ќе бидат воодушевени од него.

Состојки:

- 5 јајца;
- 1 чаша шеќер (200 милилитри);
- Ванилин шеќер;
- 1 чаша масло за јадење;
- 1 чаша млеко;
- 2 чаши брашно;
- 5 лажици какао;
- 1 прашок за печиво.

За прелив:

- 3 чаши млеко;
- Половина чаша масло за јадење;
- 1 чаша шеќер;
- 1 ванилин шеќер;
- 5 лажици какао;
- 100 грама чоколадо за готвење.

Декорација:

- Ореви

Подготовка:

Изматете ги јајцата и шеќерот, па додадете го ванилиниот шеќер, маслото, млекото, брашното, прашокот за печиво и какаото. Сите состојки соединете ги убаво, па ставете ги во плех да се печат на 190 степени Целзиусови.

Додека колачот се пече, подгответе го преливот. Ставете го млекото да зоврие, а во него додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, чоколадото и какаото, а потоа и маслото за јадење.

Колачот прелијте го со преливот, па украсете со ореви.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг