[ФОТО] Голема акција на Царина: Викендов запленети 22 луксузни автомобили при заедничка акција со МВР

Точка

18/03/2024

12:00

4.419

Големина на фонт

а а а

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани.

Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири возила се марка „мерцедес, три патнички возила се марка „ауди“, две се марка „бмв“, едно патничко товарно возило е марка „тесла“ и др., а сите возила биле управувани од македонски државјани на територија на Република Северна Македонија повеќе од 6 месеци, велат од Царина.

❗ЗАПЛЕНЕТИ 22 АВТОМОБИЛИ ПРИ ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА НА ЦАРИНА И МВР❗

❌Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и...

Posted by Царинска управа/Drejtoria e Doganave on Monday, March 18, 2024

Против сторителите на прекршоците ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапката до надлежниот суд.


„Имено, во согласност со законските надлежности на Царинската управа, кои се во согласност со критериумите и условите пропишани во Истанбулската конвенција за привремен увоз, одредби од Царинскиот закон и одредби од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, граѓаните на РСМ и странците можат привремено да внесат и да управуваат возило на територијата на Република Северна Македонија за време на нивниот престој, но, најмногу 6 месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да ја напушти територијата на Република Северна Македонија.


Во спротивно ќе треба да се пријават на најблиската царинска испостава во местото каде привремено престојуваат и да започнат соодветна царинска постапка за увоз или привремен увоз на возилото“, се додава во соопштението на Царинската управа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг