[ФОТО] Се појави карта која покажува кои женски имиња се најпопуларни во Европа – ова е изборот на Македонците

Точка

15/03/2024

10:12

5.497

Големина на фонт

а а а

На страницата „Amazing Maps“ споделена е карта на Европа на која се претставени најпопуларните имиња на девојчиња во различни држави.

Поради тоа што картите кои истакнуваат интересни податоци за земјите ширум светот се сѐ попопуларни, една таква претставува кои имиња за девојчиња се најчести во земјите во Европа во 2023 година. Податоците за мапата биле преземени од веб-страницата „Fatherly“.

Кога говориме за Македонија, според оваа мапа најчестото име за девојчиња кај нас е Јана.

А, едно од најчестите имиња претставено на картата е Софија. Ова име е најчесто во Србија, Црна Гора, но и Италија, Русија, Словачка.

Во Хрватска најпопуларно е името Миа, а исто така тоа име е застапено и во Швајцарија, како и во Естонија. Во Словенија најзастапеното женско име е Ема, а во Албанија Амелиа.

Во Португалија и Грција најчестото име за девојчиња било Марија, а во Шпанија Луција. Во Турција тоа е името Зејнеп, а во Велика Британија и Финска Оливија.


Токму вие имиња биле меѓу најчестите ширум светот во 2022 година според истражувањето на „BabyCentre“. Тогаш меѓу 100-те најпопуларни имиња биле и: Софија, Оливија, Амелија, Миа, Емили, Изабела, Хана, Ема.