Поп пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг и татко на нивното малечко дете Киан, музичарот Роберт Спасенцовски – Џокер пред околу една година стапија во граѓански брак, а прекрасната вест тогаш ја споделија со јавноста низ фотографии.
Вчера Антониа и нејзиниот партнер одлучиле да направат голема свадба и да ја потврдат љубовта пред големиот број на поканетите гости.
Младата пејачка Антониа Гиговска изгледала прекрасно во венчаницата која била бајковита, додека Роберт одлучил да носи црн, класичен костум.
На свадбената веселба било навистина весело уште од рано наутро, а фотографиите ја доловиле веселата атмосфера.
Погледнете ги фотографиите: