Нови детали за крвопролевањето во Прешево: Жената истрчала од автомобилот и бегала од Македонецот - Полицијата трагала по него, тој се вратил до возилото и се самоубил

Точка

08/03/2024

13:14

9.448

Големина на фонт

а а а

На обидот за убиство и самоубиство во Прешево му претходела вистинска драма откако полициска патрола во четвртокот навечер во околу 21:30 часот сопрела возило со тетовски регистарски ознаки, во близина на наплатната рампа во Прешево, за на возачот Б. И (52) да му напише прекршочна пријава.

Според информациите од истрагата, на местото совозач се наоѓала жената Ј. В (30).

По издадениот прекршочен налог за возачот, жената излегла од возилото и почнала да трча во насока на Бујановац, северно од наплатната рампа, а потоа трчајќи тргнал и Б. И и во нејзина насока испукал три куршуми од пиштол.

Жената ранета паднала на патот, а напаѓачот се оддалечил во насока на селото Жујинце.

По кратката полициска потрага по напаѓачот, тој се вратил на местото на настанот и во непосредна близина на автомобилот си пукал во глава, вршејќи самоубиство.


Итната помош од Прешево ја пренела ранетата жена во болница во Врање. Жената е во тешка состојба. Во текот на ноќта била префрлена и оперирана во УКЦ Ниш.

Според сознанијата, жената е од Врњачка Бања, но е родена во Швајцарија.

Засега нема прецизни информации во какви односи била со мажот кој ја ранил.

Потсетуваме, мажот кој пукал во неа е државјанин на Македонија со албанска националност од Тетово.

Мотивите за обидот за убиство и самоубиството не се познати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг