Министерот Тошковски со информации од терен: Во сите земји во ЕУ може да се патува со пасош без Северна, откако ќе се влезе со лична карта преку Србија, Косово, Албанија...

Точка

06/03/2024

19:20

3.061

Големина на фонт

а а а

Информациите на министерот Панче Тошковски кои ги добил од терен се дека во Грција, Босна и Херцеговина и Црна Гора не може да се влезе со лични документи без Северна.

Но, доколку поминете со лична карта без новото уставно име во Србија, Косово и Албанија понатаму може со старите пасоши да патувате во сите земји во ЕУ, но и надвор од неа.

Се отвора прашањето дали може да се направи некаков компромис со соседна Грција, која е најатрактивната дестинација за Македонците?


На пример да се пополнуваат листови за влез кај нашиот јужен сосед како пред неколку години, кога Грците не ги прифаќаа нашите пасоши, тоа според дополнителниот заменик министер Бојмацалиев, не е опција, пренесува „Сител“.

Инаку, во меѓувреме за да се намали хаосот со вадење на личните документи се отвори и нов пункт во центарот Идризово каде може да се фотографираат граѓаните кои имаат закажано за итна постапка, односно оние кои имале закажано за итно вадење документи, а терминот им е во јуни.