За црвената леќа велат дека има железо и растителни влакна речиси колку гравот, а со тоа дупло побрзо се вари и им е омилена на домаќинките.
Направете ја оваа домашна турска чорба од леќа која ќе го воодушеви цело ваше семејство.
- 1 главица кромид;
- 1 морков;
- 1 домат;
- 1 компир;
- 3 чешниња лук;
- 500 грама леќа;
- 2 ловорови лисја;
- сол и бибер;
- куркума.
На масло за јадење пропржете го кромидот и морковот. Додадете го доматот, ситно исечканиот компир и измиената леќа.
Додадете ги зачините и налејте топла вода. После половина час извадете ги ловоровите лисја од чорбата, па со миксер иситнете. Додадете го ренданиот лук и зачини, па измешајте.
Послужете ја чорбата додека е топла.
На здравје!