[ВИДЕО] Детали за инцидентот на Шар Планина: Данскиот скијач бил нападнат од мечката кога се доближил до нејзините мечиња

Макфакс

05/03/2024

15:44

3.012

Големина на фонт

а а а

Директорот на центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, ги обелодени деталите за нападот на мечка врз скијач од Данска, што се случи утрово на Шар Планина.

Како што објасни Ангелов, до нападот дошло околу 10.45 часот на местото наречено Јелак, при што мечката нападнала турист кој бил дел од 10-члена скијачка група, која одлучила да се движи надвор од скијачките патеки.

„Застанале покрај неколку елки да одморат, но во нивна близина се нашле две мали мечиња и веднаш скокнала мечка, која исплашена за своите мечиња нападнала еден од туристите гризнувајќи го за ногата по што побегнала“, рече Ангелов.

Повредениот турист бил префрлен во болницата во Тетово, каде што неговата рана била исчистена и санирана. По преврската, тој ја напуштил болницата.

Ангелов укажа дека во послената година има зголемен број пријави на Шар Планина за мечки. ЦУК ќе иницира неколку средби со раководството на Националниот парк Шар Планина, со цел да се изнајде решение со кое ризикот за планинарите од опасноста од средби со мечките ќе биде намалена. Ангелов вели дека се работи за територија на која мечките природно припаѓаат, но целта е ваквите несакани појави кога мечка исплашена за своите најмали напаѓа човек да се сведат на минимум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг