Алонсо ги почнал преговорите со Баерн Минхен

Макфакс

05/03/2024

14:43

1.043

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо ги започнал преговорите со Баерн Минхен, пренесува германски „Скај Спортс“. Актуелниот тренер на Баер Леверкузен моментално е најбараниот тренер на пазарот.

Медиумите долго време шпекулираат дека на крајот од сезоната ќе го превземе Баерн или Ливерпул, а како што сега стојат работите тој е многу поблиску до останување во Германија отколку до преселба во Англија.

Тој наводно ќе добие меѓу 15 и 25 милиони евра за договорот, во зависност од тоа колку трофеи ќе освои.

Леверкузен моментално има 10 бода повеќе од Баерн на табелата во Бундеслигата на 10 кола до крајот, а Алонсо има шанса да стави крај на 11. годишната доминација на тимот од Минхен и воедно да му ја донесе првата титула на Леверкузен, со што неговото име би било запишано со златни букви во клупската историја.