Камавинга: Мбапе во Реал Мадрид? Сакате ли да ја знаете вистината?

Точка

05/03/2024

15:21

4.661

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид и Лајпциг во среда во 21 часот на стадионот Сантијаго Бернабе го играат повратниот натпревар од осмина финалето од Лигата на шампионите. Потсетуваме, Реал во првата средба одиграна во Германија славеше со 1-0 со голот на Брахим Диаз. Фудбалерот на Реал Едуардо Камавинга бил на прес-конференцијата пред натпреварот.

Новинарите на францускиот репрезентативец му поставиле бројни прашања, а ни него не го заобиколила темата за доаѓањето на суперѕвездата на ПСЖ Килијан Мбапе. Еден од најдобрите напаѓачи на светот на крајот на сезоната му истекува договорот со Парижаните и би требало да потпише договор со мадридскиот клуб.

Камавинга и Мбапе воедно се и сонародници, односно двајцата играат за француската репрезентација. „Сакате да ја знаете вистината? Не сум разговарал со него. Тој е фудбалер на ПСЖ и не знам што ќе биде следната сезона“, одговорил Камавинга.


Мбапе и пред неколку години беше блиску до преминување во Реал

Мбапе и пред неколку години беше блиску до преминување во Реал, но во последен момент изненадувачки потпиша продолжување на договорот со парискиот клуб, во кој од 2018-та година пристигна од Монако и за кој досега во 293 натпревари постигна 244 гола и оствари 105 асистенции.

Според информациите на инсајдерот Фабрицио Романо, францускиот напаѓач ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона. Сличен износ имаат и моментално најголемите ѕвезди на Реал, а тука се Џуд Белингам и Виницус Јуниор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг