Утрово во месноста Јелак на Попова Шапка мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во фрирајд скијање, јави Центарот за управување со кризи.
Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на данскиот скијач. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортитала повредениот кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите.
Од ЦУК соопштија дека директорот Стојанче Ангелов е упатен кон Попова Шапка од каде се очекува да даде изјава во врска со настанот.