[ВИДЕО] Сашко Коцев: Кога ќе ме видат на плажа од лежалките ги креваат главите како мунгоси

Точка

05/03/2024

11:27

2.552

Големина на фонт

а а а

Актерот Сашко Коцев на свој оригинален начин раскажа како изгледа кога луѓето сакаат да се фотографираат со него, на разни места. Во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре, Коцев рече:

- Еднаш кога отидов во Охрид на плажа, во осилото влегов. Прво имаш една ситуација на мунгоси, од лежалките искчааат. И сега, тука се смислува стратегија, се приближуваат. Обавезно имаат некој пријател од Куманово. Абе јас сум на Мики од Куманово пријател. Мене ми импонира тоа, си правиме шеги само. Но, најдобро е кога одиш на некои коктели, настани кои јас ги водам, а има алкохол“, раскажа Сашко, и во шестата минута детално објасни како гостите на настаните кои ги води кога се малку под дејство на алкохол го викаат да се слика со нив.

Целиот втор дел од разговорот со Сашко во „Еден на Еден“ можете да го погледнете во видеото подолу: