[ВИДЕО] Го исмејуваат на социјалните мрежи: Роналдо се обиде да изведе атрактивен дриблинг, па прописно се посрамоти

Точка

05/03/2024

09:56

1.812

Големина на фонт

а а а

Прославениот португалски фудбалер Кристијано Роналдо поради еден неуспешен дриблинг на натпреварот против Ал Аин станал предмет на исмејување на социјалните мрежи.

Ал Наср се наоѓа пред елиминација во Азиската Лига на шампиони, откако во првиот натпревар од четвртфиналето доживеа пораз на гостувањето од Ал Аин (1-0) од Обединетите Арапски Емирати.

Домаќинот до голот дојде во самиот крај од првото полувреме преку Софијан Раими.

Се обидувале гостите да дојдат до изедначување, но на Роналдо и екипата ништо не им одело од рака.

Повторно Роналдо бил на мета на противничките навивачи. Речиси целиот натпревар скандирале „Меси, Меси“ за да го испровоцираат Португалецот, но Роналдо овој пат не реагирал.

Најдобриот играч на Ал Наср имал пет удари кон голот на домаќинот, но не успеал да ја затресе мрежата, а поради еден смешен обид за дриблинг станал предмет на исмејување на социјалните мрежи.

Сакал да изведе атрактивен потег и испаднал смешен. Премногу „се заиграл“, изгубил чувство каде е топката …

Погледнете како изгледало сето тоа:



Спонзорирани линкови

Маркетинг