[ФОТО] Автомобил „БМВ“ пронајден во камион кој требало да превезува бои и лакови во Србија

Макфакс

04/03/2024

19:43

4.123

Големина на фонт

а а а

При преглед на камион, кој според документацијата требало да превезува суровини за производство на бои и лакови, царинските службеници во Србија на 29 февруари во Горњи Милановац, под церадата на камионот пронашле автомобил „БМВ“.

Возилото кое немало регистарски таблички и било добро обезбедено за да не се движи при транспорт од Словенија, успешно било сместено во камионот, најверојатно со помош на виљушкар, велат тамошните власти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг