Формула 1 со заработка од 3,2 милијарди долари

Макфакс

04/03/2024

14:01

36.668

Големина на фонт

а а а

Формула 1 го зголеми годишниот приход за 25% од 2,573 милијарди долари на 3,222 милијарди зелени банкноти, додека оперативниот профит се зголеми за 64% од 239 милиони на 392 милиони.

Десет тимови поделија повеќе пари меѓу нив, за пет проценти, од 1,157 милијарди до 1,215 милијарди долари.

Сопственикот на натпреварувањето „Либерти Медија“, јасно стави до знаење колкаво позитивно влијание има Лас Вегас, особено во последниот квартал од годината, што укажува дека настанот бил успешно организиран.

Во однос на зголемувањето на приходите, компанијата изјави:

„Приходите од промоцијата на трките се зголемија првенствено поради приходите од билети во Лас Вегас и другите договорни зголемувања на надоместоците, како и растот на приходите од постоечките спонзори“.

Во саботата во Бахреин започна новата сезона на Формула 1, која ќе продолжи со трката во Џеда, Саудиска Арабија на 9 март.



Спонзорирани линкови

Маркетинг