[ВИДЕО] Пациент во велешката болница паднал од кревет, помош барал на 112 бидејќи два часа никој од вработените не му помогнал

Точка

04/03/2024

19:43

7.160

Големина на фонт

а а а

Пациент во велешката болница паднал од болнички кревет, а немало кој да го крене цели два часа, па помош барал на 122 во Центарот за управување со кризи. Ова го раскажа директорот Стојанче Ангелов за подкастот на СДК.

Како што кажа Ангелов, во гостувањето на подкастот на Сакам да кажам, пред само неколку дена, на 112 имале бизарен и чуден повик. Се јавило лице кое пријавило дека паднало и не добива никаква помош. Кога вработените во 112 го прашале каде се наоѓа за да испратат помош, лицето рекло дека е во болницата во Велес.

„Нашите оператори мислеле најпрво дека станува збор за некое недоразбирање, бидејќи како е можно лице кое е згрижено во болница да бара помош? Но, навистина било така. Лицето било примено во болницата, но во текот на ноќта паднал од кревет и барал помош од сестра и доктор. Никој не доаѓал два часа. Успеал да дојде до мобилниот телефон и се јавил на 112. Имал шипки во рацете и ‘рбетот. Кога нашите го префрлиле повикот во Итната помош, тие биле збунети како сега да одат во болница да интервенираат. Нашите го контактирале и обезбедувањето, но тие немале соодветен клуч и не можеле да влезат. Настанала вистинска драма која траела повеќе од 40 минути додека влегла Брзата помош. Нашите мислеле дека починал пациентот оти одредено време го немало на линија, а тој го исклучил телефонот за да ја зачува батеријата. На крај, овој бизарен случај се заврши успешно, Итната помош спаси пациент кој падна од кревет во велешката болница“, раскажува Ангелов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг