Откако беше објавено дека Ријана присуствувала на луксузната свадба на синот на индискиот милијардер, се појавиле и видеа од нејзиниот настап за којшто пејачката била исмеана затоа што делувала незаинтересирано.
Светската музичка ѕвезда за настапот на оваа венчавка била платена дури шест милиони евра. Земајќи ги предвид парите кои се издвоени за нејзиниот настап, делува како пејачката да не е воодушевена од перформансот, а на социјалните мрежи луѓето пишувале дека делува како воопшто да не ѝ е гајле.
she just don’t give a fuck 😭😭 pic.twitter.com/cV5EqlEsiI
— ✯ (@crispypunxni) March 1, 2024
Видеата од настапот ги преплавиле социјалните мрежи, а на некои од нив може да се види како Ријана одвај танцува и делува прилично незаинтересирано.
„Ријана навистина покажа дека ќе настапува на минимално ниво, ќе го земе чекот и ќе си оди“, гласел еден од твитовите во кои ја прозиваат пејачката.
Нејзиниот настап вклучувал 19 песни, а наводно била платена околу 60.000 евра од минута.
Нејзиниот настап во петокот навечер го започнал тридневното славење за кое се проценува дека чинело неверојатни 140 милиони евра.
Rihanna sang 'turn up the lights yeah baby' and they made it pitch dark 😭🤣🤣 pic.twitter.com/tmzOwaudnW
— SwatKat💃 (@swatic12) March 2, 2024
Во текот на настапот Ријана му се заблагодарила на семејството Амбани и им честитала на младенците, а потоа и поради честитките наишла на осуда и исмејување затоа што не ги изговорила нивните имиња правилно.
„Ријана е платена милиони и сѐ уште не е во состојба правилно да ги изговори нивните имиња“, ја прозвале во една од објавите.
Исто така фановите ја прозвале затоа што со години чекаат на нејзин албум, наведувајќи дека за нова музика нема време, но дека има време да пее за индиски милијардер.
Rihanna was paid 50+ crore and still can’t pronounce their names correctly
— Vineeth K (@DealsDhamaka) March 2, 2024
Some people expect fluent English for BPO jobs paying 8-12K/month #AnantRadhikaCelebration pic.twitter.com/LWz9fBn52F
Таткото на младоженецот е индискиот милијардер Мукеш Амбани, а „Forbes“ неговото богатство го проценил на над 110 милијарди долари. Тој е најбогатата личност во Азија и 11 најбогат човек на светот.