[ФОТО] Снаата на едно од најпознатите семејства во светот ги посрамила со својот стајлинг на „бугарска пејачка“: Сите аплаудираат на свекрвата, а во неа гледаат со неверување

Точка

02/03/2024

14:41

18.406

Големина на фонт

а а а

Дејвид Бекам и неговото семејство биле фотографирани во петокот вечерта непосредно пред ревијата на неговата сопруга Викторија Бекам на модната недела во Париз.

Фудбалската легенда (48) го напуштил својот луксузен хотел заедно со ќерката Харпер (12), синовите Круз (19), Бруклин (24) и снаата Никола Пелц (29).



Дејвид, кој одел рака под рака со својата ќерка, за големата вечер се одлучил за беж палто со двојно запетлување, кој го носел преку елегантна бела ролка.

Никола Пелц избрала навистина проблематична комбинација. И додека кројката на краткиот црвен фустан е интересен, белите мрежести чорапи и платформите во розови тонови биле модно несовпаѓање.


Никол во малиот црвен фустан ја покажала својата одлична фигура која благодарение на кројот на фустанот кој бил стеснет на половината, како би ја нагласил нејзината фигура на песочен часовник. Целата комбинација била запечатена со мала кожна торба и јака контурирана шминка.



Мрежести чорапи, јака шминка, црвен краток фустан, дали некој гласно рекол „бугарска пејачка“? Никој? Тогаш ништо.