[ВИДЕО] МВР објави детали: 46-годишник од Скопје е жртвата во страотната сообраќајка кај Колари, дете од возилото е тешко повредено

Макфакс

02/03/2024

13:31

4.865

Големина на фонт

а а а

Четириесет и шестгодишен скопјанец, со иницијали В.Н. од Скопје загина во сообраќајната несреќа на патот Кичево-Гостивар, што се случи вчера околу 18 часот кај селото Колари.

Според информациите од полицијата, возилото кое го управувал мажот излетало од патот, а во него имало и малолетно девојче.

- На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот. Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево, информираше СВР Охрид.

Извршен бил увид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг