Снимка од воздух која Кремљ со задоволство би ја избришал: Река од луѓе оди кон гробиштата каде е погребан Навални, скандираат: „Путин е убиец“

Точка

01/03/2024

21:24

5.319

Големина на фонт

а а а

Снимката од воздух која ја објави агенцијата „Nexta“ покажува колку луѓе денеска пристигнале на периферијата на Москва за последен пат да се поздрават со неодамна починатиот опозиционер Алексеј Навални.

Долгата колона во која се наоѓаат илјадници луѓе, како што процениле новинарите на „Новаја Газета“, се движат од насока на црквата Икона Богородица во округот Марино на периферијата на Москва кон Борисовските гробишта. Претходно била одржана служба во црква во која присуствувале родителите на Навални, Људмила и Анатолиј, како и околу 300 луѓе колку што можеле да влезат во црквата.

Сите оние кои останале пред црквата запалиле свеќа, носеле цвеќе и го скандирале името на починатиот опозиционер, како и до сега незамисливи пароли како „Путин е убиец“, „Русија без Путин“ и „Русија ќе биде слободна“.

Во текот на вчерашниот ден, како и во текот на целото утро во делот од Москва каде се одржува погребот, забележано е големо присуство на полиција. Претходно биле објавени снимки на кои се гледа дека единиците опремени за разбивање на демонстрации ги обиколиле гробиштата, а независните медиуми во Русија пишуваат и дека се распоредени снајперисти на крововите.

Потсетуваме, Алексеј Навални почина откако, како што соопштиле затворските власти, се онесвестил по утринската прошетка во затворската колонија по што бил неуспешно реанимиран. Навални служел казна затвор од 30 години, а беше и остар критичар на Владимир Путин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг